Здружението за односи со јавноста и комуникации (PRCA) и Меѓународната организација за консултантски услуги за комуникации (ICCO) го објавија отпочнувањето на нова иницијатива дизајнирана да ја координира волонтерската комуникациска активност која има за цел поддршка на народот на Украина.
Мрежата за поддршка на комуникациите во Украина (USCN), како што е наречена иницијативата, ќе биде предводена од страна на украинскиот комуникациски лидер Наталија Попович и поранешниот претседател на ICCO и претседавач на PRCA, Дејвид Галагер.
Мрежата за поддршка на комуникациите во Украина ги поканува професионалците за комуникации ширум светот да поднесат предлози и проекти под 12 категории за комуникациски проекти кои ја поддржуваат Украина и оние кои се погодени од војната.
Управниот комитет на мрежата – составен од истакнати украински и меѓународни комуникациски лидери – ќе го надгледува процесот на одобрување за волонтерски активности дизајнирани да ја забрзаат и засилат поддршката за народот на Украина.
Мрежата тесно ќе соработува со растечката волонтерска база од повеќе од 200 комуникациски професионалци и агенции за да обезбеди практичната поддршка брзо и ефикасно да стигне до оние на кои им е потребна.
Сите волонтерски активности мора да се спроведуваат про-боно. Организациите и поединците одобрени од Управниот одбор ќе имаат право да се нарекуваат себеси „Членови на Мрежата за поддршка на комуникациите во Украина на PRCA/ICCO“ во однос на поврзани содржини.
Повеќе информации за Мрежата за поддршка на комуникациите во Украина и начинот на кој може да се поднесат предлози за комуникациски проекти, може да се најдат на следниот линк.