Платформата за трговија со криптовалути FTX лансираше нова хумористична кампања насловена “Don’t Miss Out” („Не пропуштајте“), во која главна ѕвезда е познатиот американски комичар Лери Дејвид.
Кампањата прикажува серија на значајни изуми и достигнувања низ праисторијата и историјата, од осмислувањето на тркалото и тоалетот, преку изумот на кафето и светилката, до демократијата и освојувањето на вселената. Во сите случаи се појавува Лери Дејвид како главен критичар и скептик во успешноста на изумите.
Последниот прикажан изум е платформата FTX која дозволува лесна и едноставна трговија со криптовалути, но Лери Дејвид е исто така скептичен за неа, тврдејќи дека никогаш не погрешил за „вакви работи“ – иако претходно погрешил за секоја една од прикажаните.
„Следната голема работа е тука, иако Лери Дејвид не може да ја види“ и „Немојте да бидете како Лери. Не пропуштајте ги криптовалутите“ – се пораките на FTX.