Брендот на чипс Lay’s се здружи со светски популарната бразилска пејачка Anitta за да ја лансира својата нова кампања, насловена “Stay Golden” („Останете Златни“).
Централсниот спот на кампањата претставува разигран колаж од танцувачки сцени во кои Анита им дели чипс на присутните танчари, кои потоа покажуваат натпридони супермоќи да изведуваат неверојатни танчарски подвизи.
Покрај овој спот, брендот реши со помош на Анита да постави и нов Гинисов рекорд, и тоа за „Постигнување на најголема волтажа со помош на батерија направена од компири“.
Имено, доколку во компир се стават две електроди, реакцијата помеѓу присутните хемиски соединенија резултира со мала волтажа. Доколку успеете да соберете огромен број на компири, па потоа да ги поврзете во едно струјно коло, тогаш може да постигнете доволна волтажа за работа на некој уред или апарат.
Токму тоа го направи Lay’s, па со помош на волтажата добиена преку батеријата од компири поврзана во музичко студио, успеа да сними ремикс на една од песните на Анита и да постави Гинисов рекорд.