Проектот #odapoeziji веќе петта година по ред ги краси улиците на Загреб преку светлечки реклами и билборди
Со верба дека може да ги охрабри жителите на Загреб да читаат поезија, Леа Брезар веќе петта година по ред ја поставува културната инсталација #odapoeziji на различни загрепски локации со светлечки реклами и билборди. Некогаш иновација, а денес традиција која посветено го промовира овој литературен жанр, надминувајќи ги рамките на класичната промоција својствена на книгата со своите афирмативни и мотивирачки песни.
„Во овие немирни времиња во ки секојдневно сме бомбардирани со страв и неизвесност, со моите песни, како и секогаш, повикувам на промени, адаптација и зајакнување. Погледот внатре во себе и пронаоѓањето на место каде што ќе најдеме мир е сè она што ни треба за да преживееме, што и ќе го прочитате во моите стихови: Krajevi/Konci/Završeci/Samo su novi počeci/Tkanja/Pletiva/Niti/Toga što će tek biti“ – истакнува Леа Брезар, додавајќи дека промовирањето на нејзиниот животен повик – пишувањето, е логичен тек на активности затоа што брендирањето е нејзина секојдневна работа како сопственик и директор на маркетинг агенцијата Dhar media.
Идејата на проектот е да покаже дека поезијата се чита, сака и купува, а овој поет, писател и претприемач ја популаризира на овој начин веќе многу години. #odapoeziji е авторски проект кој ја промовира културата на читање поезија, ја подигнува свеста за нејзиното разбирање и ја демистифицира врежаната идеја дека поезијата не се разбира.
Во следните 14 дена, постерите можете да се најдат на загрепските локации: Чрномерец, Савска – Цибона, Паромлинска, Јуришичева, Вуковарска – Држичева, Автобуска станица – Држичева, Хајнцелова; додека пак нејзините збирки на песни можат да се најдат на www.leabrezar.com.