За преземањето и управувањето со Реплек АД, од прва рака и лидерска перспектива со Душан Пецовски, генерален директор на Реплек АД, кој верува дека “Луѓето се компанијата!”
Вчера (15.12) се одржа втората епизода на поткастот „Лидершифт“, на која гостин беше Душан Пецовски, генерален директор на Реплек.
Разговорот помеѓу гостинот и домаќините, Христина Велковска и Илијанчо Гаговски, води низ повеќе теми, за тоа дека и во Македонија може да се изгради успешна кариера и од прво лице еднина Пецовски раскажува за неортодоксното преземање на „Реплек“, односно преземање со идеја и со стекната доверба од вработените и Управниот одбор. Пецовски зборува за лидерскиот капацитет потребен да се спроведат големи промени, посебно во компании кои имаат долга традиција.
Но, да не ви раскажуваме, целиот поткаст можете да го преслушате на линковите подолу: