„Лидерот треба да е возрасен и да презема одговорност, но мора да задржи и детска љубопитност! Како може човек да ги одржи овие две страни живи?!“
Вчера (25.11.) се одржа премиерата на подкастот „Лидершифт“, на кој прв гостин беше Мишко Ралев, архитект и професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“. Разговорот води низ личното искуство на Ралев и интересно се спојува лидерството во академијата и влијанието на лидерството во архитектурата која остава трага и ги „брендира градовите“.
Ралев го основа архитектонскиот факултет на „Американ Колеџ – Скопје“ и во разговорот го раскажува патот и луѓето со кого стигнале до целта. Но неговото делување и работење не завршува тука, бидејќи лидерите се одвојуваат по својата општествена активност и придонес, односно да влијаат на прогресивен развој.
Разговорот помеѓу гостинот и домаќините, Христина Велковска и Илијанчо Гаговски води низ повеќе теми за тоа како АИ влијае низ развојот на професиите и лидерите, вклучително и архитектите, како интергенерациски да најдеме заеднички јазик со Gen Z, кои се „џиновите“ врз чии рамена можеме да застанеме за насока, мудрост и лидерство. Како и тоа кои карактеристики треба да ги имаат лидерите на новото време во оваа пост ера на лидери „осамени генијалци“.
Целиот подкаст можете да го преслушате на линкот подолу: