Најголемото име во маркетинг комуникациската индустријата предавач на фестивалот Денови на комуникации во Ровињ зборуваше за неговиот животен пат и кариера
Легендарниот Сер Соррел го живее сонот на секој бизнисмен – од мала компанија создаде една од најголемите во светот. Затоа, никој не е изненаден што неговото доаѓање на фестивалот Денови на комуникации предизвика најголемо внимание.
Сер Мартин Сорел ја започна својата кариера пред повеќе од триесет години, со преземање на малата британска компанија за производство на жичани кошници за продавници наречена Wire and Plastic Products и од неа создаде мултинационален маркетинг гигант, компанијата WPP, која бројно и по приход е најголема во светот со повеќе од 3.000 канцеларии во 112 земји. Денес, WPP е сопственик на некои од најголемите адвертајзинг агенции во светот, вклучувајќи ги Grey, Ogilvy, GroupM, MediaCom, Mindshare, Wavemaker, Kantar и многу други. На чело на компанијата беше долги 33 години, со што стана најдолговечниот и најдобро платен директор и тоа на компанија која се наоѓа на ценетиот Financial Times Stock Exchange 100 index. По неколку години успешна работа во WPP, Сорел поднесе оставка како главен извршен директор и се посвети на новиот предизвик и проект – компанијата S4 Capital.
Доаѓањето на Сер Мартин Сорел, кое е најголемо име во нашиот бизнис, ја потврди силата на фестивалот и важноста на домашната креативна индустрија. Човекот кој ја создаде маркетинг империјата WPP денес беше наш гостин, а учесниците на Денови на комуникации можеа директно да му поставуваат прашања на овај великан, што претставува можност која не се случува два пати “, изјави Дуња Ивана Балон, директор на фестивалот и програмата.
Угледниот The New Yorker го прогласи за најголема ѕвезда во светот на маркетинг комуникациите, а британската кралица Елизабета го прогласи за витез.
Секој витез мора да има мото за својот штит, а на Денови на комуникации Сер Мартин Сорел објасни зошто и како две навидум едноставни зборови “упорност и брзина” го дефинирале неговиот кариерен пат. Соррел го спореди својот пристап кон бизнисот со популарната серија Mad Men, која своевремено редовно ја следел. Тој објасни дека тие се “работи кои немаат никаква врска со рекламирањето на Дон Драпер “, но апсолутно имаат врска со “медиумите, податоци и дигиталните канали”.