Данската компанија за играчки LEGO прерасна во најпопуларниот бренд на видео платформата YouTube, се наведува во истражувањето на BuyShares врз основа на податоци од Socialbakers. Јутјуб каналот на LEGO до јуни 2020 има собрано над 10.4 милијарди прегледи и над 9 милиони претплатници.
На второ место е платформата за е-трговија Vat19 со 5.84 милијарди прегледи, додека пак третото место му припаѓа на српскиот музички канал IDJVideos.TV со 4.49 милијарди прегледи.
Каналот на играта Angry Birds е на четврто место со 4.46 милијарди прегледи, а детскиот канал Kids TV HD EggVideos ја затвора „топ 5“листата со 4.25 милијарди прегледи.
Виетнамскиот канал Đông Tây Promotion Official е на шестото место со 3.38 милијарди прегледи, а зад него е каналот на Coca Cola со 3.28 милијарди прегледи. На осмото место е анимираната серија Oddbods со 3.13 милијарди прегледи, на деветтото место е каналот на анимираната серија My Little Pony со 2.85 милијарди прегледи, а на десеттото место е каналот за детска музика MundoBitaVEVO со 2.82 милијарди прегледи.