Компанијата Лего се наоѓа на првото место на ранг листата на најугледни компании на светот, која во рамките на студијата Global RepTrak ја објави Reputation Institute. На второ место е Disney.
Двете копмапнии се појавуваат во првите 10 на оваа ранг листа уште од 2011 година.
Reputation Institute во својата студија Global RepTrak анкетираше повеќе од 80.000 луѓе во 15 земји.
На оваа ранг листа на трето место е Rolex, а потоа следат Ferrari, Microsoft, Levi Strauss, Netflix, Adidas, Bosch и Intel.
Студијата е фокусирана на тоа како луѓето ја доживуваат компанијата, вклучувајќи ги и нејзините производи, управувањето, лидерството, финансиската успешност, колку е компанијата иновативна и какво влијание има врз општеството во целина.
Lego и Disney постигнаа особено добри резултати во поглед на своите производи и услуги. Интересно е тоа што меѓу првите 10 не се најдоа Google и Apple, кои беа првите кои беа рангирано на прво и второ место на ранг листата кога започна анкетата во 2011 година.