Познатиот дански бренд на играчки LEGO ги откри своите први коцки за составување создадени од рециклирани пластични шишиња, со што се одбележува еден чекор понатаму во заложбите на компанијата за поголема еколошки одржливост.
Меѓутоа, имајќи на ум колки различни производи се создаваат од рециклирана пластика, навистина е изненадувачки како LEGO направи вакви коцки дури сега.
Според компанијата, ова е првиот прототип на коцки создадени од рециклирана пластика кои ги исполнуваат строгите стандарди за квалитет и безбедност на LEGO. Имено, компанијата и претходно развила некој видови на коцки од рециклирана пластика, меѓутоа тие биле премногу меки и структурално неадекватни за карактерот на лего-коцките, односно од таа пластика можеле да се создаваат само некои дополнителни флексибилни елементи за збогатување на лего-креациите.
Конечно, после три години на експериментирање, LEGO создале коцки од рециклирана пластик кои ги исполнуваат потребните стандарди, при што во меѓувреме тестирале дури 250 различни хемиски формули на пластика.
И покрај тоа, од компанијата предвидиваат уште една дополнителна година на тестирање пред ваквите коцки од рециклирана пластика да се најдат во масовна продукција и продажба.
Според LEGO, со новата формула, од едно пластично шише од еден литар се добиваат десет 2×4 лего коцки.