Данскиот производител на играчки LEGO ќе започне да продава коцки со Брајово писмо, во иницијатива да го поттикне инклузивното учење.
Овие специјализирани играчки, осмислени да им помогнат на децата со оштетен вид да научат да читаат, се дистрибуираат од страна на компанијата до училиштата и службите за деца оштетен вид од 2020 година и тоа бесплатно. Но, почнувајќи од следниот месец, комплетите од овие коцки ќе бидат пуштени во слободна продажба, што ќе ѝ овозможи на пошироката публика да ја прифати оваа едукативна алатка.
Овие уникатни играчки имаат „столпчиња“ што одговараат на Брајовата верзија на броеви и букви. Притоа, комплетот ќе доаѓа со комплементарна печатена табла во улога на „клуч“ кој го поврзува распоредот на столпчиња на секоја коцка со соодветната буква или бројка од азбуката. Исто така ќе бидат вклучени интересни едукативни идеи за игри, поттикнувајќи ги семејствата да играат и учат заедно.
Лего коцките со Брајово писмо се наменети за деца на возраст од над шест години. Тие првично ќе биде достапни во земјите што зборуваат англиски и француски, при што компанијата планира да ја прошири понудата со воведување на италијански, германски и шпански верзии во наредната година. Секое пакување чини 89.99 американски долари, а вклучува 287 коцки во пет бои кои можат да се поврзуваат и со други LEGO комплети.