Престојот во болниза може да биде застрашувачко и трауматично искуство, особено за децата, кои некогаш и не можат да сфатат зошто се таму.
Со цел ублажување на овие стравови, данскиот производител на играчки LEGO започна да им донира на болниците модели на скенер за магнетна резонанција, сé со цел да можат да ги запознаваат своите млади пациенти со машината и со самиот процес на скенирање.
Имено, благодарение на самата природа на моделите на LEGO, овој модел на скенер може да биде отворан и расклопуван и да се користи за едукација на децата за неговите составни делови и начинот на кој функционира. Доколку децата бидат запознаени со изгледот и функционирањето на машината, тие ќе бидат и помалку уплашени од неа.
LEGO-моделот на скенер за магнетна резонанција бил осмислен од страна на вработениот Ерик Улерунд Стаер, кој сакал да создаден начин на кој медицинскиот персонал ќе може психички да ги подготвува децата за нивната претстојна процедура.
Моделот не е достапен за продажба, туку ексклузивно се донира на болници кои вршат магнетна резонанција.