Компанијата Лего побара од своите партнери да го повлечат целокупното рекламирање на полициските тематски комплети, што претставува дел од нивниот одговор на протестите кои се одржуваат во САД
На листата се наоѓаат повеќе од 30 комплети, мини фигури и додатоци, кои се дистрибуирани од трговците поврзани со компанијата и кои се објавени на социјалните мрежи, објави британскиот весник Гардијан. Меѓу комплетите што треба да се повлечат се „полициска единица со куче“, „полициски велосипед“ и „полициска станица“, но и некои производи кои се очигледно помалку поврзани со полицијата, вклучително и „противпожарен авион“, „изгорена скара“ и „отворање продавница за крофни “.
На оваа листа се наоѓа и верзијата на Белата куќа наменета за возрасни.
Портпаролот на компанијата Лего во изјавата рече дека компанијата побарала од своите парнери да се воздржат од објавување на промотивни содржини на полициските комплети на нивните канали на социјалните медиуми, како дел од одговорот на трагичните настани во Соединетите американски држави.
На својот профил на Твитер, Лего наведе дека компанијата ја поддржува афроамериканската заедница против расизмот и нееднаквоста.
Компанијата соопшти и дека ќе донира четири милиони долари на организации посветени на поддршка на децата на афроамериканците и едукација на сите деца за расната еднаквост.