Данскиот производител на играчки LEGO испрати правна жалба до американскиот производител на оружје Culper Precision поради вистински пиштол кој изгледа како играчка направена од лего-коцки.
Имено, производителот на оружје неодамна објавил реклама за пиштол именуван како “Block19” кој требало да ги „оствари детските соништа“ на љубителите на оружје. Пиштолот се продавал по цен од 549 до 765 долари.
Спојот на оружје и деца е навистина чувствителна тема, па не е изненадувачки што ваквиот производ веднаш го предизвика вниманието и наиде на остри реакции во јавноста и медиумите низ целиот свет.
Кон тие реакции се приклучи и LEGO, кои побарале од Culper Precision да престанат со произвдството и продажбата на пиштолот поради преголемата сличност со изгледот на нивните играчки.
На крај, Culper Precision се откажаа од пиштолот, иако истакнаа дека попуштањето не значи и согласување со LEGO, посочувајќи дека луѓето имале право да го персонализираат изгледот на своето оружје како што им е желба.