Home » Во фокусот » Лекции за PR професионалците од таткото од популарното Skype интервју на BBC

Лекции за PR професионалците од таткото од популарното Skype интервју на BBC

За експертите за односи со медиумите, ништо не може да предизвика поголемо чувство на анксиозност отколку едно ТВ интервју во живо на нивниот клиент.

Претпоставуваме дека ова видео веќе сте го гледале повеќе од 5 пати. Сега добро познатото интервју на BBC каде професорот Robert Kelly, татко на две деца, ненадејно ќе биде прекинат во своето интервју емитувано во живо од упадот на своите деца. Доколку сте веќе ветерани во PR индустријата веруваме дека сте се соочиле со некоја ваква ситуација. Иако на момент ви доаѓа неконтролирано да се насмеете од реакцијата на мајката која се обидува да ја затвори вратата и да ги извлече децата од собата , во друг момент може да ви стане јасно дека ова може да му се случи секому па дури и на извршните директори во вашата компанија па дури и вам.
Реалноста понекогаш е неизбежна.

Еве како да се припремите за појава на вакви ситуации :

1.Подготовка, подготовка, подготовка.
Телевизиските преноси во живо,може да се одвиваат во повеќе насоки и вие не можете да антиципирате се. Меѓутоа претходната подготовка на можни сценариа може да направи голема разлика помеѓу неуспехот и успехот на едно такво интервју. Професор Kelly сигурно за интервјуто се подготвувал добро меѓутоа сепак инцидентното влегување на децата не го предвидел.

Совет: Вежбајте алтернативни сценариа со цел да не бидете изненадени. Размислете за сите можни алтернативи и погледнете како може да се реагира на настаните. Добро е да можете да оцените колку би можеле вие или вашите одговорни лица да бидат фокусирани доколку некој пропуст би се случил за време на емитување во живо.

2.Контролирајте го она што може да биде контролирано.
Можете да учествувате во медиумски настан на повеќе можни начини, од емитување на интервјуа па се до користење на алатки како Facebook Live и Periscope. Доколку сте во можност да ги контролирате некои од битните нешта како осветлувањето, позадината, аглите на камерата – направете го тоа. Овие мали но важни фактори се битни при воспоставувањето на поголем кредибилитет кај вашите одговорни лица.

Совет: Прегледајте ја претходно локацијата од каде ќе се емитува состанокот или пак интервјуто. Остранете ги сите нешта што би можеле да одвлекуваат внимание како слики, обрнете внимание на осветлувањето и квалитетот на звукот.

3.Говорот на телото е многу важен.Гледајќи го видеото со таткото можете да забележите лутина. Во секое интервју многу е важно да се користи насмевка, добар контакт со очите и секако силно и добро држење на телото. Без разлика на надворешните фактори одржувањето на овие нагласени фактори ќе ве одржува фокусирани на пораката.

Совет: Снимете видео од презентација која сте ја правеле вие или вашите одговорни и погледнете ја заеднички. Обрнете внимание на говорот на телото, контактот со очите и држењето на телото. Идентификувајте ги реакциите на вашето лице кои не ја пренесуваат соодветната порака која сакате да ја пренесете и следниот пат обидете се да ги избегнете од употреба.

4.Само продолжетеИнтервјуто на BBC не научи на една многу вредна лекција: понекогаш мора да одиграте малку чудно сценарио и да продолжите понатаму. Во случајот на професорот Kelly, мала насмевка проследена со две извинувања за настанатата ситуација беа дел од начинот на кој тој се справи со проблемот кој настана за времена неговото интервју во живо.

Совет : Ова повторно не навраќа на фазата на подготовка. Пред самото интервју обезбедете детален опис со можните препреки со кои би можеле да се сретнете како на пример стил на интервјуто, чести прашања и да можете вие или пак другите кои ги затапувате да продолжат сосема нормално со се што ‘’ќе им излезе на нивниот пат’’.

5.Не е толку лошо колку што мислите дека еВеруваме дека професорот се чувствувал лошо откако заврши интервјуто, меѓутоа по само неколку дена тој и неговото семејство станаа Интернет сензација проследена со големо прифаќање од страна на гледачите и емпатија.

Совет: Овој вид на интервјуа не се воопшто лесни. Доколку нешто не се одвива по планираното може да ни изгледа 10 пати полошо отколку што реално е.  Фокусирајте се на позитивните страни прифаќајки ги сите негативни нешто кои се случиле.

Споредено со бројни катастрофи кои се случиле во полето на PR, оваа приказна е една од приказните каде поуката се согледува од една сосема нова перспектива.

Кои лекции вие ги научивте од овој текст?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365