Официјалниот пивски спонзор на американската Национална фудбалска лига, Bud Light, ја објави својата нова реклама во пресрет на најважниот натпревар во сезоната – Супер Боул.
Насловена “Easy Night Out” („Лесно ноќно излегување“), се работи за забавана и надреална реклама во која еден магичен дух излегува од шише Bud Light и почнува да им исполнува желби на една група пријатели, претворајќи го нивното ноќно излегување во незаборавно искуство.
Како дел од желбите на групата пријатели, во рекламата се појавуваат пејачот и рапер Пост Малоун, легендата на американскиот фудбал Пејтон Менинг, како и генералниот директор на UFC, Дејна Вајт. Спотот завршува со слоганот на брендот: „Лесно за пиење, лесно за уживање“.
Како дел од кампањата, Bud Light ќе организира и наградна игра која ќе се спроведува во текот на целата година.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Anomaly New York.