Плаќањето преку паметни уреди е веќе достапно за корисниците во Србија, а со цел да го приближат овој практичен начин на плаќање до што повеќе луѓе, Mastercard и McCann Белград дизајнираа нова креативна кампања за српскиот и европскиот пазар.
Креативниот тим на агенцијата McCann Белград имаше голема задача пред себе, да смисли комуникациска стратегија, дизајн и телевизиски спот за српскиот пазар, но и за остатокот од Европа, сѐ со цел да ги поттикне потрошувачите да плаќаат користејќи ги своите паметни уреди. Преку креативните решенија во рамките на кампањата се претставени различни секојдневни ситуации во кои со ваквиот начин на плаќање веднаш преминуваме на најдобриот дел – моментот кога уживаме, кога ќе израдуваме драга личност, кога споделуваме торта или возбуда. Сите ситуации до кои можеме да дојдеме многу побрзо кога имаме Mastercard во нашиот мобилен паричник го прават животот бесценет.
„Голема работа е кога мал пазар, како што е Србија, има можност да дизајнира и креира кампања што ќе ја користи цела Европа. Горда сум што, заедно со нашата агенција McCann Белград, успеавме да поставиме креативна кампања која е доволно универзална за пазари на различни нивоа на технолошки развој, а која се заснова на една универзална вистина: дека крајните корисници, без разлика каде живеат, ги имаат истите очекувања од технологиите што ги користат – да го направат својот пат до омилените активности побрз, побезбеден и поудобен. Ова е една од ретките локални креативи што ќе го видат десетици милиони луѓе преку различни канали и формати, од традиционални ТВ реклами до современи reels и формати на социјалните медиуми, и се надевам дека ќе имаме можност да ја оправдаме оваа доверба и во следните неколку прилики“ – истакнува Милена Ѓориќ Гудуриќ, маркетинг директорка за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Mastercard.
Целта на кампањата беше да се промовираат мобилните плаќања во Србија и Европа, како и да се едуцираат потрошувачите за главните придобивки како што се леснотијата, безбедноста и брзината што овој вид плаќање ги носи со себе. Дополнителен поттик за потрошувачите да се обидат, користат и евентуално да го претворат плаќањето со мобилен паричник во навика е поттикот во форма на „кеш-бек“ што се добива по извршените трансакции кај одредени трговци.
„Наидовме на најголемиот предизвик при поставувањето на кампањата на самиот почеток при креирањето на концептот. Предизвикот се одрази во тоа што сакавме да прикажеме многу механичка и функционална работа на човечки, емотивен начин. Кога дојдовме до идеја да го прикажеме мобилното плаќање како алатка која побрзо нè поврзува со работите што ги сакаме, што сакаме да ги споделиме или со кои сакаме да израдуваме некого, остана само веднаш да преминеме на најдобриот дел и да ја направиме рекламата. Ги искористивме препознатливите моменти во кои плаќањето преку мобилни телефони навистина би било поедноставно и побрзо решение и ги комбиниравме во еден обичен, но бесценет ден на нашата хероина на кампањата“ – изјави Марко Симикиќ, сениор копирајтер во агенцијата McCann Белград.
Креативен тим:
Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор
Владимир Симиќ, креативен директор
Лидија Миловановиќ, арт директор
Александар Милојевиќ, директор за стратегија
Марко Симикиќ, сениор копирајтер
Лазар Рајковиќ, сениор дизајнер
Продукција: Tuna Fish Studio