На почетокот на годината, американската поп-ѕвезда Бијонсе го објави својот нов албум „Cowboy Carter“, како дел од кој ја отпеа и песната „Levii’s Jeans“ во која директно се споменува брендот на фармерки Levi’s. Но, нешто што тогаш се чинеше како најсреќна случајност за еден бренд, сега може да прерасне во вистинско партнерство.
Производителот на фармерки на својот Инстаграм профил објави илустрација на жена која јава коњ, со силуета која во голема мера наликува на Бијонсе во нејзината нова „каубојска“ улога. Насловот на објавата гласи „Ви претставувме: Ново поглавје“.
View this post on Instagram
Според информации на адвертајзинг магазинот AdAge, објавената илустрација укажува на потенцијална долгорочна соработка помеѓу брендот и пејачката.
Неодамна, конкурентниот бренд Wrangler ја лансираше новата кампања „Добрите утра создаваат уште подобри денови“, замислена како љубовно писмо до руралниот американски запад. Се чини дека Levi’s нема да останат настрана и сега спремаат свој одговор таргетиран кон современите „каубојци“. :)
Исто така, да потсетиме во контекст на нејзиниот нов имиџ, Бијонсе пред скоро време лансираше и бренд на премиум виски наречен SirDavis. Истиот бил инспириран од семејното наследство на пејачката, односно од нејзиниот прадедото Дејвис Хог кој бил земјоделец на американскиот југ и производител на домашни ликери за време на прохибицијата.