Home » Во фокусот » Лексус креираше инсталација од оригами која се состои од 2000 писма на благодарност од клиенти

Лексус креираше инсталација од оригами која се состои од 2000 писма на благодарност од клиенти

За овај проект потребни биле стотици часови, од кои само правењето оригами и нивно ставање на вистинската позиција траело речиси 200 часа

На својот последен маркетинг проект, Лексус соработуваше со уметникот Мајкл Марфи за да создаде уметничка инсталација во чест на корисничкото искуство што им го нуди на своите клиенти.

Инсталацијата се состои од повеќе од 2.000 писма на благодарност од клиенти, кои се преклопени во оригами, а потоа обесени во таков начин што гледачот од еден агол го гледа автомобилот 2018 LS седан, а од другата страна може да се види  обликот на логото на Lexus.

Уметничката инсталација “Писма” има димензии 2,5 × 5 метри и е обесена на висина од 4 метри, а Марфи побара инспирација во концептот на мобилност. Инсталацијата ќе биде прикажана на бројни настани во САД, а се дел од проектот Lexus Covenant.

Lexus направи и видео за инсталацијата, каде што клиентите ги читаат рачно напишаните писма кои ги испратиле на застапниците, а уметникот секој од нив внимателно го обликува и го става на инсталацијата.

За овај проект потребни биле стотици часови, од кои само правењето оригами и нивно ставање на вистинската позиција траело речиси 200 часа. “Ова е многу деликатна, прецизна уметност”, вели Марфи. “Ако нешто е само еден милиметар надвор од своето место, тоа се смета за грешка”.

Л

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365