Пронаоѓањето на вистинска љубов не е лесна задача. Но, со тим на маркетери и продуценти зад вас, како може да не успеете? Тоа е барем надежта на еден осамен Австралиец чиј личен оглас доби професионален „третман“.
Шахрам Катозпур, 52-годишен маж кој живее во Мелбурн, оставил едноставен оглас во весник – „Нека моето срце ти биде засолниште и моите раце ти бидат дом“. Со потекло од Иран, претходно верен, но никогаш оженет, Шахрам барал „пријател и некој кого сака да го запознае пред да се заљуби.“
Огласот го привлече вниманието на продукциската куќа The Producers, кои барале човек за да го претстават преку серија кратки филмови, дел од поширока кампања на McCann Мелбурн. Повеќе кандидати влегле во потесниот избор, но Шахрам победил поради неговата ненаметлива и скромна природа.
McCann составиле принт реклама која ги насочува луѓето кон специјалниот веб-сајт LoveShahram.com, каде може да се најдат три видеа, режирани од различни млади таленти на продукциската куќа The Producers, кои се фокусираат на различни аспекти од личноста на Шахрам.
Во првото видео, насловено “Before I Love” и во режија на Лу Квил, Шахрам танцува и чита поезија. Во второто, “Share Shahram’s Table”, режирано од Мич Кенеди, се претставува домаќинската страна на Шахрам и неговиот талент за јазици. Последното видео, “Find the One”, во режија на Оливиер Штрауб, ја споредува љубовта со шахот – омилената игра на Шахрам.
Како што наближува Св. Валентајн, очекуваме се’ повеќе реклами со љубовна тематика.