За тоа како еден семеен бизнис се развива по интернационални стандарди со репутација и одржливост којашто налага и како основач да ги поминеш сите скалила на кариерен развој за на крајот да можеш да ја преземеш директорската позиција, разговаравме со Славчо Филипчев, главен извршен директор на Grant Thornton во Северна Македонија, исто така дознаваме како се станува член на глобалниот Одбор на директори на меѓународна компанија која има обрт од преку 8 милјарди долари?
Вчера (12.01.) се одржа третата епизода на подкастот „Лидершифт“, на која гостин беше Славчо Филипчев, извршен директор на Grant Thornton, член на бордот на директори на глобално ниво.
Разговорот помеѓу гостинот и домаќините, Христина Велковска, основач и генерален менаџер на Вита институт и Илијанчо Гаговски, косопственик на FledgeWorks води низ повеќе теми, за тоа дали лидерите се раѓаат или се создаваат, како и тоа што е тоа што вистински носи задоволство во животот и работата. Соговорниците ќе ве водат низ личното искуство на Филипчев за тоа како се креира компанија која е интернационална призната и која го надминува прагот на семеен бизнис со креирање на одржливи бизнис процеси и пракси кои креираат наследници и лидери во самата компанија. Како се создава корпоративна култура во која секој може да успее кариерно да се изгради и да стане партнер, преку инклузија и почитување на туѓото мислење.
Но, да не ви раскажуваме, целиот подкаст можете да го преслушате на линковите подолу: