Трговскиот ланец Лидл ја претстави својата реклама “Ќелија”, која ја носи приказната за односот на еден затвореник и неговиот чувар
Лидл претстави уште еден дел од нивната поширока божиќна кампања, а во главната улога на овај духовит спот е еден невообичаен лик. Рекламата насловена “Ќелија” ја продуцираше финскиот режисер Мишко Ихо и ја следи приказната за затвореникот кој е осамено го чека Божиќ во неговата ќелија.
Додека затвореникот ги пребројува деновите во неговиот ѕид и го пресметува времето поминато во затворот, неговиот чувар пакува подароци, а еден му подава низ решетката и на стариот затвореник. Тоа е дар на слободата, кој доаѓа во облик на железна турпија со која затвореникот ќе ги исече решетките за да стигне до слободата.
Но, како што рекламата продолжува, стариот затвореник се враќа, со вреќа со вкусни десерти од Лидл, за совршена Божиќна вечера која ќе ја подели со чуварот.
Визуелното раскажување на рекламата е многу впечатливо, а приказната е емотивна на прв поглед, но исто така има нешто вознемирувачко само по себе. Една од работите што која паѓа на памет после ова видео е ликот на Брукс од филмот Shawshank Redemption, човек кој не може да го најде своето место на слобода по животот поминат во затвор. Чувствувањето на затворот како дом е нешто што несомнено предизвикува чувство на непријатност.
извор: Media marketing