Германскиот ланец на супермаркети Lidl ја лансираше својата досега најголема кампања за шведскиот пазар, насловена “Sån är Lidl” или – „Тоа е Лидл!“
Спотовите на кампањата прикажуваат работници на Lidl кои во раните утрински часови, преку песна и танц, успеваат да го „разбудат“ маркетот и да го подговат за претстојниот работен ден.
Музиката претставува нова верзија на американскиот ретро хит „You Can Have Her“ од Рој Хамилтон, која во случајот е преименувана во „Sån är Lidl“. Новиот текст на песната говори за радоста која ја добива Lidl и неговите вработени од обезбедувањето на најквалитетните производи по ниски цени за своите потрошувачи.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Garbergs од Стокхолм и продукциското студио Newland.