Ланецот дисконт маркети Лидл ја објави својата нова празнична реклама насловена “A Christmas you can believe in” („Божиќ во кој можете да верувате“) во која се шегува со божиќните клишеа кои преовладуваат во кампањите на нивните конкуренти.
Анимираниот спот започнува со стандардна емотивна сцена на снежно гратче и девојче кое споделува вкусна мини пита со своето ново птичјо пријателче – сето тоа пропратено со „мека“ песна за пријателството. Меѓутоа, после 12-та секунда, рекламата продолжува во нов правец.
Најпрвин над питата се појавува цена, која најавува дека ова нема да биде вообичаена божиќна реклама, туку реклама на Лидл со одлични цени – дури и песната се менува. Музиката добива подинамичен ритам, а песната се претвора во музичка нарација која се шегува со празничните клишеа и наместо нив нуди уште повеќе одлични цени.
Кампањата е создадена со помош на британската креативна агенција Karmarama и продукциската куќа Blinkink.