Во спотот на здружението “Sumatran Orangutan Society“, наречен „Бетонска џунгла“, ги гледаме ликовите од анимираниот филм на Дизни, “Книга за џунглата“, како живеат на улиците од градовите ширум светот, станувајќи бездомници заради уништувањето на нивните домови.
Спотот е креиран од страна на агенцијата “Don’t Panic“ од Лондон, а целта е собирање на финансиски средства за пошумување на земјиштето, како би се создале нови живеалишта за дивите животни.
“Со преземањето на омилените ликови од Книга на џунглата и нивното ставање во урбаните средини, се надеваме дека ќе ги натераме сите да погледнат двапати”, вели Џо Вејд, извршен директор на агенцијата Do not Panic. “Кралот Луи, мечката Балу, пантерот Багира и останатите се безвременски ликови за возрасни и деца. Никој не сака да ги види во неволја. Се надеваме дека овој универзален квалитет ќе биде во состојба да ја ангажира пошироката публика околу прашањето за уништувањето на шумите“.