Кока-Кола го започна Месецот на Хиспанското наследство (од 15 септември до 15 октомври) со серија на лименки со привремени тетоважи, со кои се таргетираат Хиспанци и Латиноамериканци.
Базирано врз податокот дека Латиноамериканците имаат посебен горд оснос спрема нивните фамилијарни имиња, преку кои го одразуваат своето наследство и историја – односно врз податокот дека секој Латиноамериканец има барем еден член на семејството кој има тетоважа поврзана со неговото семејно наследство – на лименките се поставени стикери со семејни имиња испишани наназад.
Откако ќе го извадите стикерот, може да го поставите на кожа и користејќи ја влажноста од ладната лименка да го залепете името на кожата.
Погледнете го видеото кое ја објаснува кампањата и неколку искази на Латиномаериканци кои објаснуваат што точно за нив претставува семејното наследство.
Кампањата беше пропратена со хаштагот #OrgullosoDeSer, шпански за “Горд што сум” и беше создадена од адвертајзинг агенцијата David.
Отворена е и можноста за веб нарачка на пакувања до 12 шишиња со опција за персонализација на ознаката или избор од листа на најчести имиња.