Home » Во фокусот » Лименки Кока-Кола со привремена тетоважа со вашето име

Лименки Кока-Кола со привремена тетоважа со вашето име

Кока-Кола го започна Месецот на Хиспанското наследство (од 15 септември до 15 октомври) со серија на лименки со привремени тетоважи, со кои се таргетираат Хиспанци и Латиноамериканци.

limenki koka kola so privremena tetovaza so vaseto ime 1

Базирано врз податокот дека Латиноамериканците имаат посебен горд оснос спрема нивните фамилијарни имиња, преку кои го одразуваат своето наследство и историја – односно врз податокот дека секој Латиноамериканец има барем еден член на семејството кој има тетоважа поврзана со неговото семејно наследство – на лименките се поставени стикери со семејни имиња испишани наназад.

Откако ќе го извадите стикерот, може да го поставите на кожа и користејќи ја влажноста од ладната лименка да го залепете името на кожата.

Погледнете го видеото кое ја објаснува кампањата и неколку искази на Латиномаериканци кои објаснуваат што точно за нив претставува семејното наследство.

Кампањата беше пропратена со хаштагот #OrgullosoDeSer, шпански за “Горд што сум” и беше создадена од адвертајзинг агенцијата David.

Отворена е и можноста за веб нарачка на пакувања до 12 шишиња со опција за персонализација на ознаката или избор од листа на најчести имиња.

limenki koka kola so privremena tetovaza so vaseto ime 2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365