Пандемијата на корона вирусот покажа како цела индустрија може да биде превртена на глава во релативно кратко време. Професиите во авијацијата и угостителството беа особено тешко погодени од кризата, додека пак други области, како здравствената заштита и финансиите, мораа да вработуваат дополнителен кадар за да одговорат на високата побарувачка. Промените на пазарот предизвикаа голем број луѓе да бараат нова работа.
Со цел помош на луѓето во потрагата по нови работни можности, социјалната мрежа за професионалци LinkedIn направи истражување и анализа на милионите работни огласи објавени на платформата во периодот помеѓу април и октомври 2020, составувајќи листа и предвидување за најбараните работни места во 2021 година.
Целосниот извештај можете да го прочитате тука, а во продолжение следува краток преглед на 15-те категории на најбарани работни места за 2021 година:
- Професионалци на првата линија на електронската трговија
Работни места: возач, соработник за снабдувачки синџири, управувач на пакети, личен купувач
Вештини: управување со времето, потрошувачки услуги, лидерство
- Експерти за заеми и хипотеки
Работни места: underwriter, службеник за хипотекарени заеми, escrow службеник, службеник за финализирање на заеми
Вештини: управување со ризици, услуги на клиенти, анализа на кредити
- Помошен здравствен персонал
Работни места: асистент за здравствена заштита, фармацевтски техничар, стоматолошки асистент, домашен здравствен помошник
Вештини: едукација на пациентите, внесување податоци, комуникација и односи со лекарите
- Професионалци за бизнис развој и продажба
Работни места: консултант за продажба, асистент за продажни операции, специјалист за влезна продажба, стратешки советник
Вештини: задржување на клиенти, разбирање на продажниот процес, тим-билдинг
- Експерти за различност на работното место
Работни места: Diversity Manager, Diversity Officer, Head of Diversity, Diversity Coordinator
Вештини: комуникација и односи со заедницата, едукација, организациски развој
- Професионалци за дигитален маркетинг
Работни места: Специјалист за дигитален маркетинг, менаџер за социјални медиуми, претставник за маркетинг, специјалист за SEO
Вештини: продукт маркетинг, дигитална стратегија, бренд менаџмент
- Медицински сестри
Работни места: Регистрирана медицинска сестра, овластен медицински асистент, медицински практикант, медицинска сестра за интензивна нега
Вештини: застапување на пациенти, клинички истражувања, управување со времето
- Професионалци во образование
Работни места: асистент за настава, наставник во основно училиште, тутор по математика, изготвувач на наставни програми
Вештини: планирање на настава, управување со времето, диференцирана настава
- Креатори на дигитални содржини
Работни места: координатор на содржина, консултант за пишување, подкастер, блогер
Вештини: видео монтажа, креативно пишување, јавно говорење
- Професионални и лични тренери
Работни места: координатор за кариера, животен тренер, фитнес тренер, деловен тренер
Вештини: менторство, управување со социјални медиуми, претприемништво
- Специјализирани инжинери
Работни места: Web Developer, Full Stack Engineer, Frontend Developer, Game Developer
Вештини: program management, web development, distributed computing
- Специјалисти за ментално здравје
Работни места: терапевт за однесување, специјалист за ментално здравје, психотерапевт, техничар за ментално здравје
Вештини: терапија со игра, внимателност, когнитивна бихевиорална терапија (CBT)
- Професионалци за корисничко искуство
Работни места: дизајнер на корисничко искуство, консултант за дизајн на производ, дизајнер на кориснички интерфејс, истражувач на корисничко искуство
Вештини: веб дизајн, дизајнерско размислување, тестирање на корисничко искуство
- Специјалисти за data science
Работни места: Data Scientist, Data Science Specialist, Data Management Analyst
Вештини: TensorFlow, статистичко моделирање, визуелизација на податоци
- Специјалисти за вештачка интелигенција
Работни места: инженер за машинско учење, специјалист за вештачка интелигенција, истражувач за машинско учење
Вештини: C++, Amazon Web Services (AWS), Python (програмски јазик)