Глобалниот ланец на ресторани Hard Rock Cafe ја лансираше својата нова глобална кампања нсловена “Greatness happens here” („Величината се случува тука“), со фудбалската ѕвезда Лионел Меси во главната улога.
Кампањата доаѓа непосредно пред првиот натпревар на аргентинскиот фудбалер за неговиот нов клуб Интер Мајами во американската лига. Меѓутоа, во централниот спот на кампањата гледаме како Меси го заменува својот фудбалски дрес со готвачка униформа и го припрема новиот пилешки седнвич во понудата на Hard Rock Cafe, именуван по него: “The Messi Chicken Sandwich”.
Се работи за паниран пилешки сендвич прелиен со топено сирење од типот проволоне, хербално зачинет сос ајоли, свежи домати и рукола на рачно месено и тостирано лепче. Сендвичот е инспириран од едно од омилените јадења на Меси додека бил дете – пилешко месо приготвено на милански стил.
Кампањата се реализира во соработка со независната креативна агенција “Yes, we’re Open”.