Фотографија објавена од Лионел Меси по освојувањето на трофејот на Светското фудбалско првенство стана најлајкуваната објава досега на Инстаграм, собирајќи над 68 милиони лајкови до моментот на пишување на овој текст.
Објавата содржи серија фотографии на кои Меси го крева трофејот „Жил Риме“ и слави со другите играчи на аргентинската репрезентација.
View this post on Instagram
Само еден ден по поставувањето на објавата, лајковите што ги собра го надмина претходниот рекордер – сатиричната фотографија од обично јајце на @world_record_egg, објавена со единствена цел токму да го постигне тој рекорд. Сликата од јајце во моменов има над 57 милиони лајкови.
Според Форбс, популарноста на Меси на Инстаграм постепено расте од почетокот на турнирот, при што играчот добил околу 25,8 милиони нови следбеници во изминатите 30 дена, што е зголемување од речиси 200% во однос на месецот претходно.
Благодарение на овој раст, Лионел Месе е сега вториот најследен корисник на платформата со 405 милиони следбеници, надминувајќи ја Кајли Џенер која има 375 милиони следбеници. На првото место се уште се наоѓа долгогодишниот фудбалски „ривал“ Кристијано Роналдо со 520 милиони следбеници.