Lions Health во соработка со UNICEF и Unilever ја стартуваше наградата Young Lions Health Award , ново натпреварување наменето за млади креативци и маркетери кои сакаат да го унапредат глобалниот здравствен систем на земјите во развот.
Според UNICEF, единствена ефективна помош на гладните и децата е креирањето на одржливи стратегии наместо ад-хок иницијативи кои доставуваат намирници. Ефективните здравствени системи не претставуваат само достава на лекови, доктори или установи, многу битна е и комуникацијата со заедниците кои имаат имаат потреба од помош, како и едукација на фамилиите за значењето на лекувањето и посетата на доктор.
До денес, комуникацијата за здравјето на децата е поделена на сегменти како што се санитација, ХИВ и вакцинација, превенција, интегриран пристап, подигање на свесноста и овозможувањето на подршка.
The Young Lions Award ги кани креативците да осмислат кампањи со кои би укажале на овие проблеми. UNICEF ќе ја поддржи победничката кампања и ќе ја користи како повик кон јавноста да се уклучи во решавање на проблемите. Сите зантересирани млади креативци (не постари од 30 години) можат да го пријават online својот концепт почнувајќи од 25 февруари до 27 март.
НЕМА котизација за учество !
Зборувајќи на настанот, извршниот директор на Lions festivals, Г-дин Philip Thomas рече: “Како организатори на доделувањето на наградите и Фестивалот за креативна исклучителност во фармацевтскиот, здравствениот и wellnes домен, сосема е природно што се одлучивме да воведеме и награда која ќе потикнува презентирање на идеите на младите таленти од индустријата“ во продолжение Thomas дополни и дека е голема чест да се соработува со UNICEF и Unilever, чие учество значи и тоа дека е препознаена потребата за зајакнување на здравствените системи на земјите во развој.
Зборувајќи за своето учество, Gérard Bocquenet, директорот за собирање на средства и партнерства на UNICEF изјави: “ Партнерството Cannes Lions-UNICEF-Unilever е токму таа храбра и иновативна иницијатива која е потребна како пошироката јавност би се вклучила и развила креативна промена која може да спаси многу животи на загрозените дева.The Young Lions иницијативата е сјаен извор на креативни комуникациски идеи за UNICEF за подигнување и зајакнување на здравствените системи на земјите во развој “
Keith Weed, кој раководи со одделот за маркетинг и комуникации на Unilever изјави: “Ние во Unilever веруваме дека бизнисот има задача за скренување на внимание кон глобалните проблеми и предизвици. Ова партнерство ни овозможува иновативна платформа која ќе придонесе за развојот на свесноста за милионите луѓе кои умираат од излечиви болести, заради лоша хигиена, санитарии и пивка вода, и ќе изнаоѓа решенија за одржливи решенија за генерациите кои штотуку доаѓаат.“
Проектите ќе бидат оценувани од жири комисијата која ја сочинуваат :
• Andrew Spurgeon, Executive Creative Director, Langland
• Ashley Schofield, Executive Creative Director, CDM Princeton
• Claudia Gonzalez Romo, Chief of Public Advocacy, UNICEF
• June Laffey, Executive Creative Director, McCann Health Sydney
• Keith Weed, Chief Marketing & Communications Officer, Unilever
• Dr Mickey Chopra, Chief of Health and Associate Director of Programmes, UNICEF
• Rob Rogers, Chief Creative Officer and co-CEO, the Americas, Sudler
• Shaheed Peera, Executive Creative Director EU, Publicis Life Brands Resolute
Lions Health се оддржува од 19 до 20 јуни. Побениците на Young Lions Health Award ќе бидат претставени на Lions Health како би добиле можност за приклувување кон глобалната здравствена заедница.
Повеќе информации и директен бриф за натпреварувањето можете да добиете на ОВОЈ линк.