LIONS Live е бесплатен и достапен за секого, а темата на октомвриското издание е креативноста во пракса.
Следејќи го претходниот успех на проектот и одлуката да се продолжи, LIONS Live ќе се одржи по втор пат оваа година – од 19 до 23 октомври 2020 година. Онлајн платформата ќе обезбеди континуирана поддршка на креативците и ќе ја обедини глобалната заедница за напредок и раст, како личен така и деловен.
Во втората половина на октомври, ќе можеме да уживаме фокусирани на применетата креативност – од инспирација до реализација – со увид во креативните потфати на добитниците на Гранд При и златни лавови од Кан. Секој заинтересиран може да очекува алатки и практичен увид кои ќе им помогнат за снаоѓање во променетиот свет.
Програмата трае пет дена и секој ден е посветен на одредена тема:
- Day 1: Creative Leadership & Culture
- Day 2: Creativity in Action, Part 1
- Day 3: Creative Effectiveness
- Day 4: Creativity in Action, Part 2
- Day 5: Creative Capabilities & Processes.
Како ќе изгледа креативниот пристап во ерата на постпандемија, како да го пронајдете вашиот креативен глас како млад креативец, дали активизмот може да не однесе чекор назад наместо посакуваниот напредок – сето ова се теми за кои ќе се дискутира во LIONS Live.
Повеќе информации дознајте овде.