Во просториите на Агенција за филм на Република Македонија вчера беа објавени резултатите од Конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен или краткометражен игран филм, за документарен и за анимиран филм.
Агенцијата за филм на РМ во првиот рок за одлучување поддржа вкупно 22 филмски проекти, меѓу кои 7 долгометражни филмови (6 долгометражни играни филмови и еден долгометражен документарен филм) и 15 краткометражни филмови (10 краткометражни играни филмови, 3 краткометражни документарни филмови и 2 краткометражни анимирани филмови).
Вкупната поддршка која Агенцијата за филм на РМ на овој конкурс ја додели за сите проекти заедно изнесува вкупно 88.770.000 денари.
Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески соопшти дека согласно новата законска регулатива, односно Законот за филмска дејност, Конкурсот за финансирање проекти за производство е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно. Согласно наведеното ја информираше јавноста дека новиот краен рок за доставување на документација е 1 септември 2015 година и за доставените барања Агенцијата за филм ќе одлучува во октомври оваа година.
Во продолжение погледнете ја листата со сите проекти кои добија поддршка од првиот рок за одлучување:
1. Долгометражни играни филмови со мнозински удел
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Здивот на Ангелот | Орион Продакшн | Јани Бојаџи | Јани Бојаџи | 18.000.000 |
2 | Жртва | Смалл Мовес | Марија Џиџева | Огнен Георгиевски | 18.000.000 |
3 | Ах Љубов моја | Авард Филм и Видео | Коле Ангеловски | Коле Ангеловски | 14.300.000 |
4 | Пијавици | Панк Филм | Драган Маринковиќ | Давид АлбахариДраган Маринковиќ | 7.000.000 |
2. Долгометражни играни проекти со малцински удел
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Kharms | Мануфактира Продукција | Иван Болотников | Иван Болотников | 7.000.000 |
2 | Жаба | Скопје Филм | Елмир Јукиќ | Елмир Јукиќ, Пјер Жалица | 5.400.000 |
3. Долгометражни документарни филмови
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Каубој Македонски | Дрим Фектори | Фабио Ферреро | Фабио Ферреро | 1.200.000 |
4. Краткометражни играни филмови со мнозински удел
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Старо железо | Стримон Филм | Златко Калеников | Златко Калеников | 1.000.000 |
2 | Cut here | Вертиго Висуал | Кристијан Ристески | Кристијан Ристески | 2.000.000 |
3 | Денови како домино | Круг Филм | Лавинија Софорниевска | Горјан Милошевски | 1.000.000 |
4 | Ќе дојдат децата | Круг Филм | Ана Јакимска | Бранко Костески | 1.000.000 |
5 | Кога не нема | Квазар филм | Стефан Палитов | Стефан Палитов | 1.000.000 |
6 | Еден збор | Сејви Продукција | Арсим Фазлија | Арсим Фазлија | 2.000.000 |
7 | Шеќерни луѓе | Сузи Кју Продукција | Сузана Диневски | Владимир Јанковски | 2.000.000 |
8 | Елена | Пигменто Студио | Дина Дума | Дина Дума | 1.000.000 |
9 | Разговор за животот | Галактика Пиктурес | Агим Абдула | Агим Абдула | 1.000.000 |
10 | Бет | Ики Филм Продукција | Ујкан Хусај | Бесим Хусај | 580.000 |
5. Краткометражни играни филмови со малцински удел
Бр. | Наслов |
Продуцент | Режија | Сценарио | Поддршка во ден |
1 | Бет | Ики Филм продукција | Ујкан Хусај | Бесим Хусај | 580.000 |
6. Краткометражни документарни филмови со мнозински удел
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Бегалец | Њу Момент Видео Хаус | Душан Дракалски | Сашо Пешев | 1.000.000 |
2 | Песна за Бекташот | Сити Стар | Гоце Цветановски | Љубе Цветановски | 1.400.000 |
3 | Сонот на Дервишот | Луна Парк Продукција | Горан Костадинов | Катерина Групче | 890.000 |
7. Краткометражни анимирани филмови со мнозински удел
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Кружно патување на монахот | Флип Бук | Жарко Иванов | Жарко Иванов | 1.760.000 |
8. Краткометражни анимирани филмови со малцински удел
Бр. | Наслов | Продуцент | Режија | Сценарио | Подршка во ден |
1 | Илузија | Јелена БеширВеда Филм Продакшн | Ujkan Husaj | Јелена Бешир | 580.000 |