Автомобилската индустрија, технологијата, финансиските услуги и FMCG секторот се најсилни индустрии на Топ 100 листата на Interbrand
Според истражувањето кое го направи компанијата Interbrand, водечките светски технолошки компании очекувано се покажаа како највредни брендови, но на овогодишната топ 100 листа има и некои интересни пресврти.
За потребите на извештајот, Interbrand ги собра финансиските резултати, влијанието на потрошувачите и силата на брендовите. На првите десет позиции главно доминираат технолошките компании и тоа по следниот редослед: Apple, Google, Microsoft, Coca-Cola, Amazon, Samsung, Toyota, Facebook, Mercedez Benz и IBM.
Во изминатите 12 месеци, вредноста на Amazon порасна за 29%, што го доведе до петтото место на листата. Ова е второ најголемо зголемување и тоа позади Facebook, кој забележа пораст за неверојатни 48% што го доведе на 8 место. Следува раст на компаниите Adobe (19%), Adidas (17%) и Starbucks (16%).
Неодамнешните глобални напори на McDonalds, фокусот на релевантноста и повеќе дигитални имплементации, му донесоа на брендот раст во вредност од 5%, и го доведоа на 12 место на листата. Volkswagen не се најде во Топ 100, а тоа може да се поврзе со скандалот заради штетните емисии, иако треба да се напомене дека приходите на фирмата се стабилизираа и дека компанијата е повторно на патот да гради доверба во својот бренд.
На листата се три нови имиња. Netflix на 78 место, Salesforce на 84 и Ferrari на 88 место.
Цетири сектори доминираат на листата: автомобиска индустрија (16), технолошки компании (15), финансиски услуги (12) и FMCG (9).
Овде можете да ја погледнете целата Топ 100 листа.