Денот на благодарноста претставува еден од најзначајните семејни празници во САД, чие што главно обележје е заедничкиот ручек на печена мисирка. Меѓутоа, скорешно истражување покажало дека припадниците на младата Генерација Z повеќе би сакале за празникот да јадат пица отколку мисиркино месо, особено земајќи ја во предвид растечката цена на месото.
Ваквата информација ја искористи пица-брендот Little Caesars, инаку основан од македонскиот емигрант Мајк Илич, кој нуди компромис: пица во форма на мисирка.
Имено, брендот создал специјален „секач“ за пица кој на кружната пита ѝ дава форма на мисирка. Со цел да го промовира овој „неверојатен изум на човештвото“, брендот објави хумористичен спот кој влече делумна инспирација од легендарниот научнофантастичен филм ”2001: A Space Odyssey” (1968) – вклучувајќи ја музиката на филмот и зумирањето на камерата во услови на ниска осветленост.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција McKinney, продукциската компанија Spang и медиската агенција CYLNDR.