Првите огласувачи на овој уникатен билборд се Audi и Coty
Агенцијата JCDecaux го претстави уникатниот OOH билборд, кој е повеќе уметничко дело отколку обичен простор за рекламирање, благодарение на студиото Zaha Hadid Design.
Агенцијата побара од дизајнерското студио “дизајнерски да го редефинира јазикот на билбордот”, а студиото им се оддолжи така што го претвори стандардниот билборд во парче уметност во јавниот простор. Тие ги заменија конвенционалните форми и рамки на билбордот со закривена двојна лента нарекувајќи го „The Kensington“.
Новиот рекламен билборд се наоѓа на патот меѓу Лондон и Хитроу, а првите брендови кои се рекламираат на новиот 26 × 6 метарски екран се Audi и Coty.
Заха Хадид беше наградувана архитектка позната по дизајнот на згради во модерен стил. Во нејзиниот уметнички израз, таа користела агли, кривини и уникатни форми за да изгради сопствен бренд во архитектурата. Некои од нејзините познати дела се Лондонскиот воден центар, изграден за потребите на Олимписките игри, Технолошкиот универзитет во Хонг Конг и Културниот центар, Хејдар Алиев. Таа почина во 2016 година, но нејзиното студио ја продолжи работата во духот на уметноста што таа ја постави.