Францускиот козметички бренд L’Oréal ја финализираше ревизијата на својот медиски договор на американскиот пазар, вреден 1 милијарда долари.
За нова медиска агенција на брендот беше избрана Omnicom Media Group, која ќе биде задолжена за медиското планирање и закуп на брендот почнувајќи од април 2023 година.
Претходен медиски партнер на L’Oréal беше агенцијата Wavemaker од GroupM, на која брендот ѝ се заблагодари за посветеноста и исклучителната услуга кон нивното деловно работење во последните седум години.
Ревизијата беше спроведена од консултантската компанија R3.