Францускиот производител на луксузна облека LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton објави дека постигна договор за купување на американската компанија за производство на луксузен накит Tiffany & Co за 16,2 милијарди долари
Договорот ја процени вредноста на 180 годишниот бренд Тифани и неговите 300 продавници ширум светот на 135 американски долари по акција, според LVMH.
Вредноста на трансакцијата од 16,2 милијарди долари ја надмина понудата на Louis Vuitton од минатиот месец тешка 14,5 милијарди долари.
Француската компанија соопшти дека одборите на двете компании го одобриле договорот, изразувајќи надеж дека преземањето ќе биде завршено до 2020 година, под услов да бидат добиени регулаторни регулаторни дозволи и одобренија акционерите на Тифани.
LVMH посочува дека аквизицијата на американската компанија ќе ја зајакне нејзината позиција на пазарот на скапоцен накит во САД.
Француската компанија веќе поседува 75 брендови, вклучувајќи ги Кристијан Диор, Фенди, Живанши и производителот на часовници Таг Хауер. Вклучувањето на американска компанија во портфолиото на брендот значително ќе ја прошири понудата на накит на американскиот бренд во САД.
Од компанијата Тифани посочуваат дека договорот ќе им обезбеди долгорочна одржливост. Американската компанија се обидува да го промени својот бренд со цел да го направи попривлечен за помладите потрошувачи, а финансиски моќниот LVMH им гарантира повеќе пари за проширување на бизнисот.
Договорот помеѓу LVMH и Тифани временски се совпадна со напорите на производителите на луксузни производи да се прилагодат на променливите навики на купувачите кои се` повеќе купуваат преку интернет. Проблеми им задава и нивната тенденција да купуваат користени луксузни производи.
Производителите на луксузни производи, исто така, стравуваат од економско успорување на Кина, како клучен пазар и паралелниот пад на посетите на странски туристи на САД.
Главниот извршен директор на Тифани Алесандро Боглио се обидува да привлече помлади потрошувачи со посовремен накит. На почетокот на годината, тие лансираа колекција на накит за мажи, го засилија маркетингот кон нови групи на потрошувачи, вклучително и парови од ист пол и тргнаа во обнова на главната продавница на Менхетен.