Германскиот бренд за висококвалитетен багаж и патнички аксесоари Rimowa го лансираше четвртото продолжение на платформата „Never Still“ („Никогаш не стоејќи мирно“), споделувајќи ги личните причини поради кои луѓето патуваат.
Во краткиот филм се појавуваат тркачкиот возач Луис Хамилтон, францускиот фудбалер Килијан Мбапе и корејско-новозеландската пејачка Розе со нивните куфери од Rimowa, раскажувајќи за личниот напредок што може да дојде преку патувањето. Музиката која ги следи нивните приказни е создадена од познатиот филмски композитор Ханс Зимер.
„Целата моја кариера ја поминав патувајќи низ светот и тие искуства ме обликуваа како возач и човек. Само преку гледањето нови места и перспективи навистина научив да го предизвикам мојот начин на размислување и да ги прифатам бескрајните можности што ги поседува светот. Домот е местото каде што размислувам, но јас сум навистина инспириран преку патувањето“ – објаснува рекордерот во Формула 1, Луис Хамилтон.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Anomaly London, а покрај видеоспотот ќе вклучува дигитални, надворешни и принт реклами.