На овогодинешниот Ехо филм фестивал – фестивал на планински филм, кој се одржува од 3-ти до 6-ти ноември во кино Милениум, кино Фросина и МКЦ клуб, гостуваше познатиот Лукаш Варжеха, еден од најдобрите фотографи и сниматели во “outdoor adventure” индустријата.
Во адвертајзинг индустријата е познат како еден од најдобрите фотографи и сниматели на реклами за врвните outdoor брендови.
Лукаш Варжеха, на 4-ти ноември на Ехо филм фестивал го претстави светот „од другата страна на камерата“ со презентацијата „Еднаш во животот“ – приказни и фотографии „од работ“, кои го менуваат животот. Варжеха е фотограф кој соработувал и работел на задачи за UIAA, Кралското Географско Друштво во Лондон, National Geographic, John Muir Trust, за повеќе врвни outdoor ориентирани списанија (Climbing, Rock&Ice, Climb…), врвни outdoor брендови (The North Face, Black Diamond, WL Gore, Mountain Equipment…), како и за EpicTV (инспиративни видеа за различни спортови во природа).
Лукаш Варжеха пристигна во Скопје во соработка со Натусана Македонија, односно брендот Allga San, наменет за спортисти и луѓе кои водат активен живот.