Најголемиот и најпосетуваниот музеј во светот Лувр, овозможи пристап до повеќе од 480 000 уметнички дела за љубителите на уметноста кои сега можат онлајн, преку веб страната на музејот да уживаат во големите колекции на музејот.
„Денес Лувр ги расчистува своите богатства, дури и најмалку познатите. За прв пат секој може да добие пристап до целата колекција преку компјутер или смартфон беспалтно, без разлика дали делата се изложени во музејот или се позајмени. Сигурен сум дека оваа дигитална содржина дополнително ќе ги инспирира луѓето да дојдат во Лувр за да ги откријат колекциите лично“, изјави директорот на музејит Жан Лик Мартинез.
Веб страницата има интерактивна мапа која што им овозможува на луѓето да го истражуваат музејот и секое од неговите уметнички дела, соба по соба.
Карантинот поради пандемијата на ковид-19 го затворија Лувр од крајот на октомври, оставајќи ги светски познатите уметнички дела без нивните вообичаени обожаватели. Додека музејот се` уште е затворен за посетители, во него се спроведуваат долго планираните реновирања.