Бугарската асоцијација на агенции за односи со јавности (БАПРА) ги додели овогодишните национални награди за успешност во областа на односите со јавноста – BAPRA Bright Awards.
За овогодишните награди се натпреваруваа 138 проекти во 17 натпреварувачки категории, кои што ги оценуваше меѓународното жири.
Со вкупно 11 награди, од кои четири златни, три сребрени и три бронзени награди, титулата „ПР агенција на годината“ ја понесе M3 Communications Group. На второто и третото место се најдоа агенциите d:istinkt и All Channels Communication.
За најдобра „ПР кампања на годината“ беше прогласена “HopePrint” од агенцијата PR Play. Сребрената награда ја освоија агенциите Propaganda и Noble Graphic за кампањата “Mare di Sofia | Malfy Gin”. На третото место се најде кампањата “#feelslikeChristmas” од All Channels Communication.
Целосната листа на победници по поединечни категории е достапна на следниот ЛИНК.