Американскиот магазин Тајм трета година по ред ја објавува листата на највлијателните личности на интернет. Листата е изготвена врз основа на влијанието што овие личности го имаат во социјалните мрежи и генерирање на најважните вести.
Оваа година вниманието на меѓународната заедница беше привлечено од осумгодишното девојче од Сирија што објави слики од градот Алепо. Малата Бана Алабед на нејзиниот профил AlabedBana на Твитер, ставаше слики и видеа за животот за време на опсадата на сирискиот град. Од минатиот септември досега таа собра цели 365 000 следбеници на Твитер.
My name is Bana, I’m 7 years old. I am talking to the world now live from East #Aleppo. This is my last moment to either live or die. – Bana
— Bana Alabed (@AlabedBana) December 13, 2016
Во декември минатата година Бана Алабед и нејзиното семејство безбедно се евакуирани од источниот дел на Алепо во Турција.
Во листата на најпопуларните личности во интернет се најдоа уште авторката на книгите за Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг, поп пејачката Ријана, американската ѕвезда Ким Кардашијан и американскиот претседател Доналд Трамп, Кети Пери и други.