Познатиот американски неделен магазин TIME за својот нов број ја заменува препознатливата црвена рамка на насловната страница со црна, во знак на жалост на 200,000 американци кои ја загубиле битката со Ковид-19.
Последниот пат кога магазинот ја напуштил својата иконична црвена рамка, повторно за црна, е пред 19 години, после нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември 2001 година.
Покрај црната рамка, на насловната страница на новиот број на TIME ќе се најдат сите бројки на починати од Ковид-19 поединечно по денови, од 29 февруари до 8 септември. Во средината се појавува бројот 200,000, а најдолу на страаницата, со црвени букви ќе биде напишано “An American Failure” („Американски неуспех“).
Автор на насловната страница е уметникот Џон Маврудис.