Во пресрет на американските претседателски избори (3 ноември), неделниот магазин TIME се реши за прв пат во својата стогодишна историја да го замени логото на насловната страница, и тоа со зборот „VOTE“ („Гласај“).
Насловната прикажува и портрет на жена која носи марама врз устата и носот, а на самата марама е нацртана гласачка кутија и повторно зборот „Vote“. Насловната страница ја истакнува важноста на гласањето и покрај предизвиците и ризиците кои ги носи пандемијата на корона вирусот.
Дизајнер на насловната страна е Шепард Ферли, познат по неофицијалнит постер „Hope“ („Надеж“) од кампањата на поранешниот претседател Барак Обама во 2008 година.