Старата национална галерија во Берлин (Alte Nationalgalerie) во партнерство со технолошкиот гигант Мета создадоа кампања која ги поврзува визуелните и виртуелните уметности.
Кампањата насловена „Магични рефлексии“ претставува виртуелно искуство на галеријата и нејзините уметнички дела, така што посетителите можат да „влезат“ во самите слики и да го искусат нивниот амбиент од повеќе агли – како да се дел од нив!
Притоа, љубителите на уметноста можат да „фотографираат“ во „внатрешноста“ на сликите, односно да ги зачуваат нивните омилени импресии од виртуелното искуство.
Во суштина, искуството претставува спој на класична уметничка галерија со дигиталниот метаверзум кој го најавува технолошката компанија.
Кампањата е реализирана со помош на продукциската куќа Makemepulse.