Грчката телекомуникациска компанија Cosmote ја објави својата нова Божиќна кампања насловена „Магичниот дар на Божиќ“.
Рекламата започнува со сцена доцна во ноќта кога Дедо Мраз само што ги оставил Божиќните подароци под елката во некој дом. Но, тогаш, светлата ненадејно се вклучуваат и се слуша глас на жена на која штотуку ѝ пукнал водењакот. Нејзиниот маж избезумено влегува во собата да ги земе потребните работи и да ја носи жената во болница – кога го среќава Дедо Мраз.
Без многу размислување, мажот го вклучува и Дедо Мраз во целата збрка, а овој пак се одлучува да ја искористи својата Божиќна магија и да им помогне на парот безбедно и брзо да стигнат до болница. Евентуално, парот го добива Божиќниот подарок кој најмногу го сакале, а Дедо Мраз ја исполнил својата мисија да го шири магичниот дух на празниците.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy Athens и продукциското студио Foss Productions.