Синоќа во Кан, Франција во рамки на фестивалот на креативноста Cannes Lions беа доделени првите награди во неколку категори.
Еден од пред-фестивалските фаворити и личен фаворит на авторот на овие редови, кампањата за која пишувавме тука уште пред неколку месеци, т.н. “магични“ билборди на British airways кои сакаат да потсетат на малку подзаборавената магија на летање освоија Гранд При во категоријата Direct.
Станува звор за кампањата со супер интересните интерактивни билборди кои British Airways ги поставија во Лондон а на кои се анимирани деца кои покажуваат кон небото во моментот кога поминуваат авиони.
Интеракцијата се случува во моментот кога на небото над билбордот ќе се појави авион, тогаш излегува едно младо момче кое ја следи траекторијата на авионот и покажува со прст кон него. Потоа на билбордот се презентира бројот на авионот и деситаницијата на која се упатува.
Да погледнеме како изгледаше сето тоа уште еднаш: