Во пресрет на новогодишните празници Македонски Телеком го промовираше новиот ТВ спот како дел од новата кампања и празнична понуда со која го збогатува Magenta 1 и Smart портфолиото со нови содржини и поволности, во коишто ќе можат да уживаат сите членови на семејството.
„Магијата започнува кога сме заедно“ – е мотото на новата реклама создадена за да нè потсети колку се тешки разделбите и колку среќа и љубов има во повторните средби со нашите најблиски.
Позади рекламата стои тимот на Saatchi&Saatchi Македонија, а за продукцискиот дел беше задолжено студиото Vertigo Visual.