Home » Во фокусот » Magna: Светската индустрија на огласување бележи најголем раст од 2010 година

Magna: Светската индустрија на огласување бележи најголем раст од 2010 година

Во својот последен извештај за глобалниот пазар на огласување, Magna –истражувачка агенција во рамките на IPG Mediabrands во чијшто состав работи и агенцијата UM, истакнува дека светската индустрија на огласување во 2016 година достигнала 460 милијарди евра, со пораст од 5,7 %. Извештајот открива дека токму 2016 година бележи најголем раст во последните шест години благодарение на растот на огласувањето во областа на социјалните мрежи и интернет пребарувањето.

Глобално, инвестициите во сферата на огласувањето се зголемиле за 5,7% во 2016 година, до износ од 460 милијарди евра. Ова е во голема мера во склад со прогнозата на Magnа од јуни 2016 година, која предвидувала раст од 5,4 %. Најголем допринос за раст имаат САД (6,9 %), Кина (7,2 %), Австралија (7,4 %) и Велика Британија (5,2 %).
“Големите телевизиски настани во текот на 2016 година (изборите во САД, UEFA турнирот, Олимписките игри и Јужноамериканскиот фудбалски шампионат) ја зголемија продажбата на огласите и покрај значајно пониските рејтинзи од очекуваните”, е коментарот на Magnа за настаните, од кои влијанието на пазарот бил очекуван.
Меѓутоа, Magna предвидува намалување на глобалниот раст на огласување на +3,6% во 2017 година, заради економската и политичката несигурност и недостатокот на големи ТВ настани во 2017 година.

Растот во 2016 година е резултат на растот на дигиталното огласување

Не изненадува дека растот во текот на 2016 година е резултат на продажбата на дигиталните огласи која на светско ниво порасна за 17%, додека офлајн продажбата на огласите (ТВ, печат, радио и OOH) стагнира, односно бележи раст од 0,3 %. Да не беа големите телевизиски настани, продажбата во офлајн медиумите би се намалила за -2 % во однос на резултатите од 2015 година.

Глобален преглед за 2017 година

Magna предвидува намалување на растот на индустријата на огласувањето на светско ниво и тоа на 3,6 % во 2017 година, заради недостаток на големи телевизиски случувања, како и поради економска и политичка “неизвесност” на неколку пазари, како што се Брегзит процесот, новиот претседател на САД и општите избори во Германија и Франција. Освен тоа, се наведува дека тоа ќе биде најниската стапка на раст забележана во 15 години, освен големата рецесија во 2008-2009 година.

“Очекуваме дека растот на продажбата во областа на дигиталните медиуми повторно да порасне двоцифрено (13 %), додека онлајн продажбата на огласите ќе се намали за 2 %. Продажбата на огласите на телевизија и радио ќе биде во суштина иста, со благо намалување од 0,1 % и 0,9 % респективно, додека продажбата на огласите во печатените изданија ќе продолжи да опаѓа  за 9 %, а OOH ќе одржи раст од 3,7 %.

Централна и Источна Европа: Закрепнување на пазарот

Раст во 2016 година за +6,0 %, а за 2017 година се прогнозира +5,6 %

Инвестициите во индустријата на огласувањето во Централна и Источна Европа ќе пораснат за +6,0 % во 2016 година на 16 милијарди долари, малку над претходните очекувања (јуни 2016: +5,4 %). Растот на потрошувачката во 2017 година малку ќе се намали, односно ќе дојде до +5,6 %

Телевизијата и понатаму е доминантен формат на медиум во Централна и Источна Европа, што претставува нешто повеќе од 42 % од вкупното огласување, или 7 милијарди долари пред дигиталните медиуми, кои претставуваат 35 % од вкупниот буџет за огласување. Се очекува дека огласувањето на дигиталните канали ќе ја надмине телевизиската потрошувачка до 2018 година, меѓутоа, тогаш двата сегменти ќе претставуваат нешто повеќе од 40 % од вкупниот буџет за огласување. Најголем дел на раст во регионот во 2016 година дојде од продажбата на дигиталните огласи, која се зголемила за +15 %, а во однос на телевизијата и OOH респективно расте +4 % и +2%. Продажбата на радио реклами стагнирала, а продажбата во печатените медиуми продолжила да се намалува.

Во рамките на областа на дигиталното огласување, растот во Централна и Источна Европа е конценриран во два формати: пребарување и социјални мрежи. Огласувањето на мобилните уреди продолжува да расте во уделот на вкупната дигитална потрошувачка, со повеќе од третина од вкупната продажба на дигитални огласи во Централна и Источна Европа во 2016 година, растејќи речиси 50 %. Не е случајност што форматите кои се адаптирани најбрзо на мобилно огласување се пребарување и социјални мрежи, со оглед на тоа дека 37 % од пребарувањата во 2016 година се реализирани на мобилните уреди, а речиси 2/3 од вкупната потрошувачка на социјалните мрежи се реализира на мобилните уреди. До 2021 година, потрошувачката на огласувањето по пат на мобилните уреди ќе претставува 60 % од CEE инвестициите во дигиталното огласување, односно речиси 30 % од вкупниот буџет за огласување во регионот.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365